Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Подземната железница

273 ден390 ден

Приказната во „Подземната железница“ почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робови Кора и Цезар решаваат да побегнат, ризикувајќи си ги животите поради сонот да живеат слободно. Соочени со стравот, гладот, ловците на робови и безмилосниот свет на белците, единствената надеж за нив е митската Подземната железница – неверојатна конструкција која, всушност, е отелотворение на соништата за слобода.

Напишан во манирот на големите авантуристички романи од XVII век, „Подземната железница“ е блескаво дело во кое историографските факти се преплетуваат со чудесните авантури на главниот лик, допирајќи до рабовите на фантастичното. Играјќи со структурата и тенката граница меѓу фактите и фикцијата, Колсон Вајтхед внимателно и вешто го гради ова искрено, длабоко и брутално ремек-дело на современата американска литература.

„Со својот брилијантен спој на фактите и фантастиката, Колсон Вајтхед се надоврзува на долга традиција врвни автори, како Свифт, Дефо, Кафка, Борхес, Маркес и Морисон.“ - The New York Times

„Овој роман одлично покажува како преку книжевноста можеме да ја разбереме историјата… Повикувајќи се на минатото, ‘Подземната железница’ е силна критика на денешнината.“ - Publishers Weekly

„Со ‘Подземната железница’ жанрот магичен реализам добива сосем ново значење, проткаен со историографија, патеписни авантури, антрополошки студии за расата и една неизбежна, моќна филозофска расправа за слободата како стожер на човековата природа.“ - The Guardian

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026