-
Вашата кошничка е празна!
И планините одекнаа
338 ден450 ден
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Халед Хосеини
-
Достапност:Онлајн: На залихаВо книжарница: На залиха
За неговите книги ќе кажат дека нема да успеете да ги прочитате, без притоа добро да се исплачете. Тие се моќни, тажни и истовремено чудесни.
Ќе ве импресионираат приказните и ликовите, стилот на пишување. Хосеини вешто ги ткае зборовите кои ќе ви го украдат сонот и срцетo.
Воениот конфликт го прави Авганистан уште полошо место за живот од претходно. Во центарот на збиднувањата се малата Пари и нејзиниот постар брат Абдула. Братско - сестринска љубов каква што постои само во приказните. Тие се разделени во детството и целиот свој живот трагаат еден по друг. Текот на приказната вклучува и многу други споредни ликови, кои на чудесен начин се вклопуваат во трагедијата на братот и сестрата.
Како мозаик исткаен од љубов и солзи, оваа книга е уште еден доказ колку силно може да љуби човековото срце и какви жртви може да поднесе во името на саканите.