-
Вашата кошничка е празна!
Страв од плетење
368 ден490 ден
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Ведрана Рудан
-
Достапност:Онлајн: На залихаВо книжарница: На залиха
Бескомпромисна како и секогаш, Ведрана Рудан во книгата Страв од плетење, со хумор и проникливост, пишува за сè што нè допира. Се потсмева на сè, па и на сопствените метастази. Нејзиниот глас е лут, нежен, пркосен и премногу жив за да молчи. На авторката книгава и е посебно важна, зашто во неа се обединети нејзините најважни текстови за стареењето.
„Човекот не се менува, па така и моите јунаци се современи луѓе, само без три мобилни телефони в чанта. Сепак, нека звучи романтично, кога повторно ја прочитав Страв од плетење, низ главата ми се моташе мислата: колку добро порано се живееше? Да? Не? Читајте. Бидете со мене. Ми требате, најмногу досега“, порачува Ведрана.
Таа пишува за сè – за бракот, за смртта, за болестите, за сексот, за политиката, за лицемерието и за љубовта – без задршка и без страв. Нејзините текстови се остри, духовити и брутално искрени.
Беспоштедно и автентично, Ведрана Рудан им се обраќа на сите генерации читатели и читателки – на оние коишто сакаат, мразат, лажат и на оние коишто уште имаат сили да ја читаат вистината – со пораката: „Се надевам дека во оваа книга ќе го откриете она што јас го открив вчера, ЖИВОТОТ СЕПАК Е ПРЕКРАСЕН“.