Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Летните гости

390 ден520 ден

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Тес Геритсен
  • Достапност:
    Онлајн: На залиха
    Во книжарница: На залиха

Кога поранешната шпионка Меги Брд се пензионира во крајбрежното селце Пјурити, тоа што го бара е мирно да живее опкружена со прекрасни погледи. Но, непријателите од нејзиното минато набрзо се закануваат дека ќе уништат сѐ.

Меги се избавува благодарние на својата духовитост и колективната интелигенција на клубот „Мартини“, како што се нарекува кругот на нејзините пријатели, поранешни вработени во ЦИА, во кој главно се занимаваат со пиење коктели и книжевни дискусии. Сепак, нивните активности го привлекуваат вниманието на младата шефица на полицијата Џо Тибодо. Сега Џо и нејзините соседи, поранешни шпиони, имаат незгоден сојуз.

Кога исчезнува тинејџерка, а соседот на Меги станува главен осомничен, Меги се вклучува во истрагата, решена да ја докаже невиноста на својот пријател. Но, богатото семејство на исчезнатата девојка инсистира на апсење. Кога властите откриваат тело на одамна починат човек во блиското езерце, случајот станува двојно комплициран, со незамисливи врски и со долго закопани тајни.

Додека Џо се справува со две необјаснети мистерии, членовите на клубот „Мартини“ брзаат да ги разоткријат тајните… пред да загинат уште луѓе.


Од Тес Геритсен, авторката на бестселери од листата на „Њујорк тајмс“, ни доаѓа застрашувачкото продолжение на „Шпионскиот брег“, во кое членовите на клубот „Мартини“ се втурнуваат во потрага по исчезната тинејџерка која има необична врска со нивното сопствено минато.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026