-
Вашата кошничка е празна!
Бездомникот со златен часовник
225 ден300 ден
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Вера Калин
- Достапност: На залиха
Во мразната 2027, кога мрачните улици се расплакани сведоци на кризните времиња, еден бездомник, чијшто живот застанал во минатото, онаму каде што заедно со стрелките на неговиот расипан часовник, запрел и животот на татко му, би сторил сè за да избега од бедата. Бог, по безброј тешки денови, изгледа како да одговара на неговата желба, преку случајна средба, донесувајќи му шанса за топла постела, пријателска прегратка, и навидум подобра иднина.
Има само една работа што тој треба да ја направи за возврат. Има само едно нешто што треба да го научи - да се преправа дека отсекогаш припаѓал таму.
Овој роман е сведоштво за скршени животи, што го бележи патот кој човек го минува од кал до ветениот подем, и претставува крпа со која се брише лажниот сјај на богатството и се покажуваат нештата онакви какви што навистина се.
Сите нешта имаат своја цена. Колку чини еден дом? Колку гревови бездомникот со златен часовник е подготвен да плати?