-
Вашата кошничка е празна!
Гринич, југоисточен Лондон: Откако откриваат нешто грозоморно, нервозните детективи на ЦИД го свикуваат елитниот одред на МЕТ за разоткривање на убиства, познат како АМИП. Пет трупа, сите на млади жени, сите убиени во ритуален обред, па флени во пустелија во близина на Милениумската купола. Секоја обдукција покажува дека жртвите ги поврзува една единствена, морничава шема, така што на офицерите им станува јасно дека трагаат по најопасниот злосторник: сериски убиец со сексуални мотиви.
Младиот, амбициозен и сталожен детектив-инспектор Џек Кафери во исто време се соочува и со анимозитет во полициските редови и со сенките од минатото во овој, за него прв случај со АМИП. Прогонуван од сеќавањето на една дамнешна смрт, тој го употребува секое оруже коешто му го нуди форензиката, бидејќи знае дека е само прашање на време кога хаотичниот, садистички убиец ќе нападне повторно.
Овој мрачен и вознемирувачки трилер не е за оние со слабо срце. Совршен за љубителите на Стивен Кинг и Карин Слотер.