-
Вашата кошничка е празна!
Ледена новогодишна вечер. Снегот ја прекрива Ирска шибана од ветрот, додека дивиот океан беснее. Шестемина пријатели се собираат. Поминаа десет години од трагедијата што ги раздели.
Многу нешта може да се сменат за една деценија. Врските од детството сега се доживотни тајни. Срдечните пријателства се изопачија во длабока љубомора. Мртво тело го прекинува радосното собирање.
Славјето едвај е започнато кога една од гостите исчезнува. Додека снегот паѓа, лешот е пронајден. Виулицата го заковала островот. Сите се во клопка – нема излез. Нема струја. Нема телефонски сигнал. Никој не знае кому да верува. Никој не е она што изгледа. Затоа што еден од нив е убиец, а други наскоро ќе умрат…