-
Вашата кошничка е празна!
Сестрата создадена од бура
413 ден550 ден
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Лусинда Рајли
-
Достапност:Онлајн: На залихаВо книжарница: На залиха
Али Д’Аплиез се подготвува за натпревар во една од најопасните трки на јахти во светот. И, тогаш дознава за мистериозната смрт на нејзиниот татко – посвоител. Веднаш се враќа да се состане со своите пет сестри во нивниот семеен дом и открива дека таткото - милијардер што неговите посвоени ќерки нагалено го викаат Тате Солт - на секоја од нив ѝ оставил трага што води кон нивното вистинско потекло.
Непосредно пред татковата смрт, Али се впушта во неочекувана и длабоко страсна љубовна врска. Бидејќи животот ѝ се превртува наопаку, таа решава да ја напушти морската шир и, следејќи ја трагата што ѝ ја оставил татко ѝ да отпатува во ледените предели на Норвешка со цел да ја открие мистеријата на своето потекло.
Тогаш Али сфаќа дека нејзината приказна е нераскинливо поврзана со малку познатата млада пејачка Ана Ландвик, која пред повеќе од сто години пеела на премиерата на Пер Гинт. Додека дознава повеќе за неа, Али почнува да се прашува кој е нејзиниот вистински татко и дали можеби постои и шеста сестра…
Ова е втора книга од серијалот за Седумте сестри.