-
Вашата кошничка е празна!
Во првиот век од новата ера, токму во периодот кога се одвива распнувањето на Исус Христос, еден млад Евреин по име Ури ќе се најде вплеткан во низа неочекувани настани кои ќе го променат текот на историјата на неговиот народ. Иако Ури е болезлив и се интересира само за книги, ќе биде принуден да го напушти својот дом во Рим и да тргне на патување во Ерусалим и во Александрија, кое целосно ќе го пресврти неговиот живот.
„Заробеништво“ е вешт спој од историски и авантуристички роман кој во детали го отсликува времето во кое се одвива дејството, но исто така одлично ги доловува психолошките длабочини на главниот лик. Историските ликови и случувања се извонредно преплетени со фикцијата, што сведочи за вештината на авторот да ја употреби имагинацијата за да им додели на фактите комплексност и нови толкувања.
„Неверојатно е како фасцинантноста на историските ликови во книгата (како Калигула, Понтиј Пилат или Исус) е еднаква на онаа на ликовите што се измислени. Ѓерѓ Шпиро маестрално гради уникатен поглед кон бурната историја преку очите на неговиот скромен, обичен, секојдневен јунак.“
„Монументално дело пронижано со историски детали и изградено врз возбудлив и интригантен заплет. Сосема оправдано, „Заробеништво“ важи за едно од најважните дела во современата европска литература.“ - Вол стрит џурнал