Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Островот на стаорците

400 ден500 ден

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Ју Несбе
  • Достапност: На залиха

Секојпат длабоко нè потресува она што е конечно и неповратно...

Добредојде на Островот на стаорците, во пандемиско време во кое богатите чекаат евакуација од врвовите на облакодерите, додека обичните луѓе се борат за опстанок по улиците.

Остварлив ли е сонот за вечен живот? Научникот кој го истражува во последен миг го активира бришачот на меморијата во Бришачот, зашто пронајдената формула може да предизвика истребување на човештвото. Во Штурци е ставено на тест пријателството и патувањето низ времето кога двајца најдобри другари ќе се вљубат во иста девојка. Во Противотров отуѓениот син оди кај татко му на фарма на змии во Африка обидувајќи се да извлече пари од него. А во епскиот и брутален Црн скокач психологот Маер навечер станува професионален убиец во служба на корпоративните картели...

Од дволичност и одмазда до дистописки визии, Несбе ги испреплетува жанровите истражувајќи го она што ја движи судбината на поединецот – дали има место за љубов, сочувство и правда дури и во екстремни услови на борба за опстанок?

„Морничави приказни во кои Несбе ги истражува изопачените умови и темните места на човечкото срце соочувајќи нè со можните сценарија за нашата блиска иднина.“ - Букрипортер

„Со остро перо, живи ликови и застрашувачки сцени, Несбе  е модерен шекспировски мангуп, стивенкинговски исповедник на длабочините на душата, брилијантен норвешки раскажувач.“ - Берлингске

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026