Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Автопортрет со седум прсти

525 ден700 ден

Наспроти познатиот лиричар, на страниците на овој „Автопортрет со седум прсти“ се исправа еден друг, речиси непознат Шопов – а сепак истиот! – кој со остро перо пишува за семожните „конфузии“ и „политикантските алузии“ во „нашата мала, нерасповиена литература“, за „литературните и уште повеќе нелитературни конфронтации“, за „стегите на аристократизмот и примитивизмот“, за нашата „провинциска препотентност“ и „особина да импровизираме“, за навиката да „се играме одговорност“ и „напластеното сало на нашето спокојство“… Но и за темните обиди да се покријат со лага страниците од нашата историја, за македонскиот јазик – „трн во окото на големобугарските шовинисти“… Како и за „улогата на поезија во националната афирмација“, за ослободувањето од регионализмот и зачекорувањето кон универзалното во нашата „сериозна и нова литература“, која го носи „здивот на почвата на која се родила и бојата на нејзиното небо“…

Со други зборови, за сè она што и денес нè докоснува, и тоа многу повеќе отколку што нашиот поет можел да поими кога ги објавувал овие свои размисли, во текот на неговите четири децении творечки и општествен живот, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век. 

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026