Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Пловејќи на Еџ

245 ден350 ден

Пловејќи на Еџ ја раскажува приказната за Емералд Лејк Висер, несреќна четиринаесетгодишна девојка, која станува сираче на пет години, и живее на фармата кај тетка ѝ чичко ѝ. Поинаква од нејзината заедница и во училиштето, единствена вистинска пријателка ѝ е една постара жена, Џес, која ја учи да плови. Ема е природен морнар, како да пловела со брод целиот живот.

Кога Џес умира, Ема открива дека таа ѝ била баба. Набрзо Ема добива писмо во кое се вели дека нејзината мајка можеби живее на Бахамите, па Ема бега на Еџ, бродот на баба ѝ, за да ја најде. Преправајќи се како момче, Ема плови со Еџ преку каналот Ери, по реката Хадсон, излегувајќи на Атлантскиот океан сѐ до Мајами, каде што го преминува заливот кон Бахамите. Навигациони грешки, проблеми со крајбрежната стража, грабеж и невреме, ја ставаат Ема постојано во опасност.

Како тоа да не е доволно, кога ќе стигне во Њујорк, се сомнева дека ја следат. Забележува мали црни камчиња кои се појавуваат на нејзиниот брод, заедно со валкани стапалки во кабината. Кога рачно напишана белешка ќе се најде на нејзиниот брод, таа е многу исплашена. Ема нема пасош и е малолетна. Ако ја фатат, ќе ја вратат на фармата. Но, Ема е решена да ја најде својата мајка!

„Волшебна приказна за авантурите на Ема, четиринаесетгодишно сираче што плови по водите од Канада до Бахамите, во потрага по својата мајка. Еве една бестрашна и силна хероина, која сигурно ќе го привлече вниманието на читателите низ светот. Ја доловува слободата на пловењето и нераскинливите врски на семејството, во приказна со единствена убавина.“ - Гејл Беник

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026