Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Читачот на трупови

525 ден700 ден

Мртвите секогаш ги издаваат своите убијци...

Во средновековна Кина само најпаметните судии успевале да ја добијат титулата „Читач на трупови”. Тие припаѓале на елитата форензичари во судската медицина, по цена и на сопствениот живот имале задача да го разрешат секое злосторство и да обезбедат соодветна казна. Чи Сунг бил еден од првите меѓу нив.

Инспириран од историска личност, Гаридо раскажува извонредна приказна за млад човек со скромно потекло, чија љубов кон науката, страста и решителноста ќе го одведат од работата како гробар на Полињата на смртта - во Линан, престижната академија на династијата Минг. Чи Сунг ќе стане еден од најдобрите студенти и со своите пионерски методи ќе стекне голем успех кој ќе предизвика завист кај колегите. Принуден да се крие како бегалец, ќе ја разбуди љубопитноста на царот и наскоро ќе биде поканет да учествува во истрагата за неколку сурови злосторства кои се закануваат да го уништат кралскиот двор.

Ова е исклучително возбудлив историски трилер кој се одвива во егзотичната и раскошна средновековна Кина, изобилува со историски детали во кои амбицијата и омразата одат рака под рака со љубовта и смртта.

„Роман што може да се прочита во еден здив, добро осмислен, внимателно истражен, неверојатно детален и крајно возбудлив." - Радио Онда Церо

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026