Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Диви Гуски

203 ден290 ден

Во детството нештата не се секогаш такви какви што изгледаат на прв или на втор поглед: мајките и татковците понекогаш може да не се многу внимателни родители, бабите и дедовците не се секогаш заштитници кои знаат мудри и убави приказни, гуските не се секогаш вистински птици со пердуви, а ни самите деца не се вистинската верзија на себеси.

Преку необичен и автентичен светоглед, во романот „Диви гуски“ се раскажува приказна за едно детство кое е среќно како и сите други, а сепак и несреќно на свој начин. А приказната би можела да биде и сосем поинаква – доколку едни се сакале многу повеќе, а други се сакале малку помалку; доколку некои простории останале заклучени, а други отворени; доколку некои зборувале помалку, а други молчеле; доколку некои преживеале, а други умреле навреме…

„Јазикот со кој Адамовиќ ја гради својата приказна е невообичаен, речиси на работ на реалноста, а речениците, иако јасни и експлицитни, често повеќе премолчуваат отколку што кажуваат, па останува на читателот да проникне во длабочината на нивните слоеви.“ - Илија Ашчиќ, „Артикулације“

„Неочекувано ремек-дело од мрачните панонски рамници.“ - Миљенко Јерговиќ, „Јутарњи лист“

„Во ‘Диви гуски’ јасно доаѓа до израз талентот на авторката. Таа смислува приказна која нè вовлекува во себе. Нејзиниот начин на раскажување ‘се лепи’ за читателот како магнет. И потоа времето застанува.“ - Љерка Цар Матутинивиќ, „Вјенац“

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026