-
Вашата кошничка е празна!
Порта на солзите
450 ден600 ден
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Абрахам Вергезе
-
Достапност:Онлајн: На залихаВо книжарница: На залиха
Занесна, егзотична сага што се протега низ пет децении и три континенти, проткаена со забранета љубов и страст, предавства и семејни тајни.
Марион и Шива Стоун, родени во мисионерска болница во Етиопија во педесеттите години на дваесеттиот век, се браќа-близнаци од тајна врска меѓу индиска калуѓерка и англиски хирург. Нераскинливо поврзани, а со многу различна природа, тие растат во земја што е на прагот на револуција, се додека не ги раздели предавството. Многу години подоцна, судбината продолжува да си игра со нив кога повторно ќе ги спои на работ на животот во ладната и стерилна операциона сала.
Од четириесеттите години на минатиот век, од манастирот во Индија до товарниот брод на пат за Јемен, од запуштената болница во Етиопија до болничкиот центар во Бронкс, овој роман претставува богата сложена студија за човечките односи и занесна семејна сага.
"Ремек-дело! Ниеден единствен збор не е напишан попусто во оваа сага што е 'поголема од животот'. Вергезе маестрално ги плете многубројните текови на приказните во еден грандиозен опус. Стилот е елегантен, читателот исклучително сочувствува со ликовите, а приказната е проникната со мудрости." - Сан Франциско кроникл
"Овој роман е грандиозен. Исполнет со мудрости, ја зрачи волшебноста и трагичноста на нашите животи, а сепак, лесен е и забавен за читање. "Порта на солзите" е дело што ги надминува сите ваши очекувања. Вергезе во целост не пренесува, како Ружди, на едно заборавено место, во заборавена култура и историја." - Њуздеј