-
Вашата кошничка е празна!
Тетовирачот од Аушвиц
450 ден
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Хедер Морис
-
Достапност:Онлајн: На залихаВо книжарница: На залиха
Во април 1942 година, Лале Соколов како словачки Евреин, е депортиран во комплексот на концентрациони логори Аушвиц-Биркенау.
Откако неговите заробувачи ќе откријат дека Лале зборува неколку јазици, тој ќе биде ангажиран да работи како Тетовирач, а со тоа ќе остави доживотен белег во судбините на луѓето.
По две и пол години поминати во Аушвиц, Лале е сведок на ужасни злосторства, но исто така и на неверојатните акти на храброст и сочувство. Ризикувајќи го својот живот, тој ќе ја искористи својата привилегирана позиција за размена на накит и пари од убиените Евреи за да купи храна и да им помогне на затворениците да преживеат.
Еден ден во јули 1942 година, затвореничката со број 32407 му ја менува судбината на Лале. Тој е цврсто решен дека некако ќе го преживее логорот и дека еден ден ќе се ожени со неа.
„Тетовирачот од Аушвиц“ е живописно и стравично сведоштво за издржливоста на љубовта и човештвото во најмрачните можни услови.