-
Вашата кошничка е празна!
Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат
560 ден800 ден
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Марк Блејк
- Достапност: На залиха
"Кога свињите ќе полетаат" е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издание на историјата на еден од најголемите рок-бендови на сите времиња е резултат на разговорите што авторот Марк Блејк ги водел со Дејвид Гилмор, Роџер Вотерс, Ричард Рајт и Ник Мејсон и интервјуата со други поранешни членови на бендот, продуценти, соученици, девојки, сценски техничари, цимери, менаџери, пријатели, непријатели и голем број други луѓе што имале увид во животот на членовите на групата и во нивната работа.
Комбинирајќи ги мислењата и сеќавањата на очевидците, оваа книга ја следи приказната на групата од нејзините корени во Кембриџ до нејзиниот глобален успех со „Dark Side of the Moon“ и нејзиниот горчлив распад во 80-тите години од минатиот век, од нивниот историски собир на Лајв 8 до смртта на основачот Сид Барет во 2006 година и сè што следувало потоа.
Прецизна, возбудлива и амбициозна како и секој нивни албум, "Кога свињите ќе полетаат" е прогласена за најкомплетна биографија на Пинк Флојд.