Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Мудар родител - среќен тинејџер

450 ден600 ден

Петтата книга од серијалот посветен на семејниот живот и начинот на воспитување ќе ви помогне да ги согледате потребите на детето кога е на возраст помеѓу 13 и 19 години.

Адолесценцијата е период кога на родителите им изгледа дека детето станува и го напушта сето она што го изградиле заедно. Големото ново чувство кај тинејџерите е желбата да се оддалечат од познатото. Тие го прават тоа за да се пронајдат самите себе, но семејството во кое пораснале и во кое веројатно им е добро, сега се доживува на целосно нов начин. Тинејџерите бараат подобри верзии, сонуваат за нешто друго: за родители кои се покул, за подобра исхрана и поопуштена атмосфера. Меѓутоа, дури и кога се оддалечува, детето во целост зависи од односот што го имате. Истовремено сте и пресудни, но веќе и помалку важни.

Зошто тинејџерите сè повеќе ја губат самодовербата и стануваат самокритични? Зошто срамот на оваа возраст е посилен од порано, а стравот од погледите на другите понекогаш е речиси оневозможувачки?

Тинејџерските години се напорни, кревки и полни со животни случајности. Покрај тоа што другите ги гледаат поинаку, тинејџерите го менуваат и погледот што го имаат самите за себе. На адолесцентите никој не им се насмевнува како што е тоа случај со малите деца. Училиштето во нив ја всадува сериозноста што ги чека, а од друга страна и љубовните проблеми стануваат посложени. Потрудете се барем вие да сфатите дека под лушпата создадена од проблемите се крие човечко суштество. Покажете разбирање и поддршка за оние кои навистина ја чувствуваат силата што се разбудила.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026