Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Добри вибрации, добар живот

400 ден500 ден

Љубовта кон себе е баласирање меѓу прифаќањето на себеси онакви какви што сте, иако знаете дека заслужувате подобро, и работењето да го постигнете тоа.

Како да научите вистински да се сакате? Како да ги претворите негативните емоции во позитивни? Дали трајната среќа е илузија?

„Добри вибрации, добар живот“ ќе ви ги одговори сите прашања. Придружете се на револуцијата што ја покрена неверојатниот Векс Кинг, откривајќи ги инспиративните пораки и универзалната мудрост што ќе ви помогнат да изградите прекрасна врска со себеси. Најдолгата врска што ја имате во животот е токму таа, па внимателно градете ја.

Надминувајќи ги животните препреки и пишувајќи за нив со мудроста од личното искуство, Векс Кинг стана извор на надеж за илјадници луѓе, а ќе ви помогне и вам:

- да се грижите за себе, да ја надминете негативната енергија и благосостојбата да ви стане приоритет

- да си ги промените верувањата, со што животот ќе ви отвори многу нови можности

- да го победите стравот и да бидете во согласност со универзумот

- да ја најдете својата повисока цел и да станете патоказ за другите

Ако го промените начинот на кој мислите, зборувате и дејствувате, ќе почнете да го менувате светот. Зашто зборовите можат да повредат, но можат и да излечат. Векс Кинг ги користи за да го разубави животот на многумина, па зошто да не го правите тоа и вие?

„Совршен водич за сите кои трагаат по излез од темнината и кои сакаат да живеат прекрасен и исполнет живот.“ - Луис Хаус, најпродаван автор на „Њујорк тајмс“

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026