-
Вашата кошничка е празна!
Мала книга за Хиге: данскиот начин на добро живеење
585 ден780 ден
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Мајк Викинг
-
Достапност:Онлајн: На залихаВо книжарница: На залиха
За Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – Хиге.
Хиге се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта. А, мојот омилен опис е - какао под светлина од свеќи...
Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува Хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската.
А, никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под Хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има минато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за Хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-Хиге.