Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Смирени родители, среќни деца

450 ден600 ден

Пионерски водич за тоа како да се воспитаат одговорни, способни и среќни деца.

Приодот на д-р Лора Маркам, подеднакво едноставен и ефектен, се темели врз најновите истражувања за развојот на мозокот и врз опсежни искуства од клиничка работа со родители. Нејзината порака гласи: Ако ја јакнете меѓусебната емоционална поврзаност со вашето дете, создавате вистинска и трајна промена. Кога ја имате таа суштествено важна поврзаност, не треба да му се заканувате на детето, да му додевате, да го молите, да го „поткупувате“ – дури ниту да го казнувате.

Овој исклучителен водич ќе им помогне на родителите подобро да ги сфатат сопствените емоции, но и да ги контролираат, така што ќе можат да дејствуваат во односот со детето со здрави граници, со емпатија, со јасна комуникација, и така да воспитаат самодисциплинирано дете. Во примерите „чекор по чекор“ се содржани решенија и реченици кои се веќе тестирани со деца и се наменети за родители на деца од најрана возраст до возраста на основното училиште.

Ако сте изморени од „битки за моќ“ со детето, од неговите испади и од тоа да трагате по вистинската „последица“ за него, не барајте натаму. Овде ќе ги откриете практичните средства и начини со кои на еден позитивен и докажан начин ќе го преобразите стилот на вашето родителство.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026