-
Вашата кошничка е празна!
Нераскажаната приказна за Квин : дали е ова вистинскиот живот?
350 ден500 ден
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Марк Блејк
- Достапност: На залиха
"Дали е ова вистинскиот живот?" навлегува подлабоко во јавната слика на групата „Квин“ и во животите на четири исклучително различни личности, а особено на пејачот Фреди Меркјури.
И покрај смртта на нивниот енергичен водач Фреди Меркјури во 1991 година, бендот „Квин“ остана еден од најомилените рок-бендови на планетава, со триста милиони продадени албуми и голем успех на биографскиот филм за „Квин“ ‒ „Боемска рапсодија“. Сепак, целата приказна за нивниот извонреден подем и за вистините поврзани со енигматичниот Меркјури никогаш не биле откриени.
Новинарот Марк Блејк, автор на најпродаваната биографија на „Пинк Флојд“, се потпрел на своите стари интервјуа со членовите на „Квин“, а потоа направил повеќе од сто интервјуа со нивните продуценти, дискографски куќи, поранешни членови, блиски соработници и школски другари, вклучително и со многу познајници на Фреди Меркјури од раната возраст, со цел да состави комплетна, неверојатна приказна за подемот на бендот од предградијата до статусот на светски суперѕвезди. Книгата "Дали е ова вистинскиот живот?" првпат опишува на кој начин членовите на револуционерниот бенд станале светски шампиони.