Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Госпоѓицата

263 ден350 ден

Централен лик на романот е госпоѓицата Рајка Радаковиќ и нејзината најголема страст – скржавоста.

Дејството се одвива во Сараево, пред и за време на Првата светска војна, и во Белград, во првите хаотични години по војната. Преку сеќавањата на скржавата лихварка се навраќаме до времето кога нејзиниот татко, пропаднат трговец, бил на смртна постела и ја заветил својата ќерка по цена на животот да го чува она малку што може да ѝ го остави. Така, таа станува целосно поробена од парите во кои се надева дека ќе најде сигурност и одмазда спроти омразениот и несигурен свет.

Рајка уште како млада девојка се откажува од радоста на животот, стекнувајќи се со аскетска и речиси мизантропска осаменост. Романот е психолошка монографија на личност која меѓу нејзините современици и сограѓаните била позната едноставно како „Госпоѓицата“ – длабоко поразена токму во она време кога во човечката природа се создаваат најубавите соништа за животот. За разлика од другите романи на Андриќ, основен белег на ова дело е отсуството на ориенталниот колорит, но присутна е неговата омилена форма – хрониката, прикажувајќи ги минатото и сегашноста на педантен уметнички и филозофски начин.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026