Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Круг

300 ден400 ден

Последниот роман на Меша Селимовиќ се навраќа на неговата доминантна тема: човековиот егзистенцијализам.

„Круг“ почнува со тоа што главниот јунак Владимир ја спознава вистината за Младен, постариот брат кој загинал во 1944 година. Младен е прогласен за херој на Револуцијата, но со тоа во смрт ги повлекол и таткото и мајката. Но само Младен е интересен за заедницата. Владимир, иако е брат на херој и единствен преживеан член во семејството, не е повикан на свечноста за отворање спомен-музеј во нивната родна куќа. Лут поради овој потег на партиските другари, ја напушта работната акција. Од тој момент во него почнува да се раѓа сомнеж во Партијата и во Револуцијата, а пред читателот се простира цела галерија ликови преку кои се изразуваат политичките, социјалните и културните контрасти на времето.

Во општествениот план на романот е пролетерското општество и бунтот на идеалната совест на Владимир против владејачката хиерархија, идеолошкиот опортунизам и против предавството на поранешните револуционери. Во сето ова е испреплетена и љубовна приказна преку која Селимовиќ уште еднаш го покажува своето врвно мајсторство за прикажувањето на внатрешната состојба на ликовите и меѓучовечките односи.

Иако формално недовршен, по својата структура и поетичка компактност, „Круг“ функционира како заокружена прозна целина.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026