-
Вашата кошничка е празна!
Приказна за војната на Путин против Украина. Задлабочено истражување за почетокот на руско-украинската војна – од ходниците на Кремљ до рововите во Мариупол.
Руско-украинската војна претставува најсериозна геополитичка криза по Втората светска војна – а сепак, во сржта на конфликтот се крие мистерија. Владимир Путин, кој до неодамна важеше за пресметлив и суптилен мајстор на можностите, одеднаш стана коцкар без мерка, изложувајќи го на ризик не само својот режим, туку и самата Русија. Зошто?
Новинарот Овен Метјуз, со повеќе од 25 години искуство како дописник од Москва, како и со лични семејни врски со Русија и Украина, нè води низ отровните историски корени на конфликтот, во ковид-изолацијата каде што Путин, обземен од параноја за западни закани, ги осмислувал плановите за инвазија – и на крај, во блискиот круг околу украинскиот претседател и неочекуван воен херој, Володимир Зеленски.
Преку сведоштва на актуелни и поранешни луѓе од Кремљ и неговата пропагандна машинерија, искази на заробени руски војници и извештаи од теренот во Русија и Украина, Преголем залак ја раскажува не само приказната за причините на војната, туку и за тоа како се одвиваа првите шест месеци од неа.
Со својот панорамски поглед, Преголем залак претставува авторитативно и неопходно сведоштво за конфликтот што ја потресе Европа до нејзините темели.