Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Вовед во будизмот

263 ден350 ден

Нема посоодветна личност за запознавање на почетниците и за потсетување на искусните практиканти со основите на тибетскиот будизам од Неговата светост Далај Лама.


Обраќајќи се на публика сочинета од ученици од Западот, тој ни покажува како да ги применуваме основните будистички начела во нашите секојдневни животи. Почнувајќи токму со темелот на будизмот, со Четирите благородни вистини, ја поставува рамката за разбирање на првите учења на Буда за страдањето, за среќата и за мирот.


Потоа следуваат негови коментари за два од најважните будистички текстови од аспект на длабочината на увидот: „Осум строфи за извежбување на умот“ и „Ламба за патот до просветлувањето“ од Атиша, при што често го посочува првонаведениот текст како еден од главните извори на инспирација за практикување сочувство.


Со јасен, разбирлив јазик и со препознатливата смисла за хумор, која проблеснува во речиси сите негови дела и активизам, Далај Лама нè поканува сите да развиеме најпрониклива свесност, вистинско и правилно разбирање на природата на стварноста и искрено сочувство за сите битија.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026