Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Писател по вокација

320 ден400 ден

Додека писателот го создава романот, и романот го создава него. Дали добриот романсиер може да биде и добар есеист? Давајќи ни широк критички поглед кон дарбата и упорноста за пишување, кон издаваштвото и читањето, Мураками докажува дека може!

Оваа книга е длабоко искрен личен поглед кон занаетот на пишувањето на еден од најголемите писатели на нашето време. Читателите на мистериозниот романсиер ќе бидат восхитени од овој привилегиран пристап до работилницата во умот на Мураками, од кој се обликуваат неговите надреални светови.

Мураками го отелотворува прототипот на осамен и резервиран писател кому никогаш не му е пријатно да зборува за себе. Но сепак, одлучи да ја прекине својата тишина за да го сподели со читателите своето искуство како писaтел и читател. Навраќајќи се на Кафка, Достоевски и Хемингвеј, размислува за книжевноста и имагинацијата, за книжевните награди и за контроверзната улога на писателот во денешниот свет.

Полн со свежина, лични чувства и искуства, Мураками ја крева завесата зад која гори огнот што ги инспирира творците и ни нуди свои одговори за тоа што значи да се биде раскажувач, каква е улогата на романот во нашето општество, од која точка животот станува роман, а романот живот.

„Не ми пречи да бидам само Харуки Мураками. А штом не ми пречи, зошто се крева толку голема прашина?“

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026