-
Вашата кошничка е празна!
Егото е непријател
300 ден400 ден
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Рајан Холидеј
- Достапност: На залиха
Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.
„Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.
Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.