-
Вашата кошничка е празна!
Беседништвото како осмислен и ритмички обликуван начин на изразување, чија основна цел е убедување, придобивање слушатали за она што се заговара, е старо колку и самиот говор. Него Аристотел го крева на ниво на вештина заснована врз научни принципи. Својата длабока мудрост како филозоф и естетичар, прагматичар и систематичар на науките, тој ја излеал токму во ова дело. За него реториката е способност за научно составување на говорот, па тој детално ги образложува техничките методи на убедување, потоа видовите беседи, принципите на реторичкото докажување и побивање итн.
Реторика е вистински неисцрпен извор на значења и импликации врз повеќе аспекти од теоријата, но и во практичниот живот. Во неа аналитичноста на Аристотел е блескава; восхитувачки се неговите максимално подробни прикази на темите, како и исклучителната способност за проникнување во сите составни делови на нештата, без оглед дали станува збор за деловите на беседата, за чувствата и за различните карактери на луѓето, за стилот итн. Вистински прирачник за секој човек кој го сфаќа говорот како моќно оружје со кое може да се постигне саканата цел.