Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Шагринска кожа

245 ден350 ден

"Шагринска кожа" е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фантастичното и тоа му дава посебен белег. Самиот негов прозен дискурс во овој роман е флуиден, фразата и дескрипциите се сензуално обоени до максимум, езотеричноста на темата суптилно се прелева на нивото на јазикот и изразот. Деликатната игра на сетилата, несоницата и сонот стануваат доминантни во восприемањето на светот од страна на ликовите во овој роман. Вивисекцијата на општеството овде се врши на поинаков начин – низ играта на мистичното и реалното што се испреплетуваат на специфичен начин.

Романот "Шагринска кожа" е особено актуелен, читлив и провокативен. За тоа придонесува вештото проткајување меѓу реалното, мистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични фрази посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да сакаш“, „да можеш“ и „да знаеш“.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026