-
Вашата кошничка е празна!
Дивите црешни живуркаат на периферијата на едно обично село, во кое живее и едно обично семејство, во неудобна куќа во која двајцата родители одгледуваат две ќерки. За разлика од ќерките, дивите црешни никој не ги одгледува, не ги крои, никој не го расчистува просторот околу нив од грмушките што ја исцицуваат водата и ја одводнуваат земјата. Но, дали е толку голема разликата меѓу дивите црешни и двете девојки?
Ова е роман за родителството, созревањето и преиспитувањето на плодовите на зрелоста, кои многупати се како плодови од диво дрво...