Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Оние што си заминаа и оние што останаа

323 ден430 ден

Мајка! Колку моќно звучи тоа. На овој свет веројатно нема ништо посилно од мајчинството. Дури ни оние што заминале од своето родно место, во потрага по подобар и поудобен живот, далеку од своето огниште не можат да ја раскинат оваа врска. Луѓето постојано се во потрага по поубава средина, може да се каже отсекогаш и од секаде. Но, во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, Исламската револуција предизвикува неверојатен егзодус и исе­лување на Иранците низ светот. Речиси не останува некое градско семејство, а да не е распарчено и да нема некој од тоа семејство што не заминал од татковината. Од својот дом. Долги години живеат разделени, без можност да се видат или да бидат во некаков контакт. Разделбата е до тој степен, што дури има браќа и сестри што не се разбираат и само варијациите на правописот од нивните презимиња е сè што останало од нивната некогашна цврста врска.

Оваа книга ја раскажува приказната за семејното обединување на мајката и нејзините шест деца со нивните сопружници по триесет години разделба. На почетокот, сите се возбудени, полни со љубов и се запознаваат со новите членови на семејствата. Се сеќаваат на златните денови од нивното детство. Се гостат со вкусните персиски јадења по кои копнеат додека се во странство.

Но, наскоро ќе почнат да се појавуваат несогласувања за политичките и општествените прашања. Тензиите се зголемуваат и тајните ќе испливаат на површината. Оние што заминаа имаат бледи сеќавања на убавите денови од младоста. Оние што останаа имаат замисла дека светот од другата страна е совршен. Ниту двете страни немаат вистинска претстава за животот далеку од нивните очи.

Сега останува само едно нешто што ги врзува двете страни и може да ги натера да зборуваат, да си ги кажат маките и да се обидат да се запознаат одново: Нивната Мајка.

Уште еден бестселер на Паринуш Сание, авторката на светски поз­натите хит-романи „Запишано во ѕвездите“ и „Го сокрив мојот глас“, објавени на македонски јазик во 2017 и 2018 година.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026