Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Ноќта за која зборуваа сите

443 ден590 ден

Како се решава убиство? Со следење на лекциите од експертот — Агата Кристи! Ирис и Алиса повторно се наоѓаат во центарот на уште една мистерија во Касл Коув, во продолжението на бестселерот на Њујорк тајмс — "Агати", од авторките Кејтлин Глазгов и Лиз Лосон.


Алиса Огилви и Ирис Адамс станаа главна тема во Касл Коув кога го решија најголемиот случај на есента: смртта на Брук Донован. Агатите заедно го испратија убиецот на Брук зад решетки и оттогаш градот е речиси нормален. Дури и… тивок.


Но, ако Алиса и Ирис знаат нешто, тогаш тоа е дека тишината понекогаш е само затишје пред бура. Вистината е дека исчезнувањето на Брук не беше првата мистерија што го потресе Касл Коув и нема да биде последна. Па така, кога училишната забава во озлогласениот замок на Леви — местото каде што во 1940-тите мистериозно починала филмската звезда Мона Муди — е прекината поради насилен напад, Ирис и Алиса повторно ги изнесуваат своите табли за убиство и се враќаат на работа.


За да ја разберат сегашноста, понекогаш мора да ѕирнеш во минатото. А, ако Агатите сакаат шанса да го решат новиот случај, токму таму ќе треба да почнат да копаат. Само што… откритието можеби и ќе ги убие.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026