Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Остров на смртта

413 ден550 ден

Искусниот инспектор Холгер Мунк и брилијантната, но лабилна Миа Кригер до последната страница нè водат низ морничавата атмосфера на нивните напнати истраги.


Миа се повлекува од полицијата на мал остров. Решена е да ја промени својата професија и да стане инструкторка по планинарење. Но судбината има поинаков план. Еден ден ѝ се обраќа единаесетгодишната Софија која бара помош да го најде нејзиниот исчезнат другар.


Пред три години Јонатан го снемува без трага додека се враќа дома од куќата на Софија. Миа почнува да го истражува застарениот случај, кога уште едно злосторство го потресува островот: пронајдено е тело на тинејџерка која била брутално убиена, а со нејзината крв е испишано името на Јонатан.


Заплетканиот случај очигледно ги надминува можностите на локалната полиција. На помош пристигнува и Холгер Мунк. Се покажува дека зад фасадата на идиличниот остров, како изваден од разгледница, каде што наводно сите се познаваат и се сплотени, се кријат мрачни тајни, бурно незадоволство и силна омраза. Додека истражувачите талкаат, обидувајќи се да ја најдат вистинската насока, еден глас во главата на Миа упорно шепоти дека одговорот не е таму каде што го бараат.


Патот до вистината се покажува посеан со уште повеќе тела, ревносно чувани тајни, мрачни измами и неочекувани откритија...

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026