Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Цртежи од темнината

450 ден600 ден

Жестоко и имагинативно исплетен натприроден трилер, за девојка која работи како дадилка на детенце со чудни и вознемирувачки тајни.


Мелори Квин тукушто излегува од рехабилитација и наоѓа ангажман кај брачната двојка Тед и Керолајн Максвел: ќе го чува нивниот петгодишен син Теди. Мелори веднаш ја засакува работата. Има свој простор каде што живее, навечер излегува да трча, ја добива стабилноста по која одамна копнее. Искрено и топло се поврзува со Теди, мило и срамежливо детенце вечно со блок и со молив в раце.


Неговите цртежи се обични: тој црта дрвја, зајаци, балони. Но, еден ден, ќе нацрта нешто сосема поинакво: маж кој во некоја шума влече по земја безживотно тело на жена.


По ова, сите следни цртежи стануваат сè позлокобни, несмасно нацртаните човечиња од неговите први обиди брзо се менуваат и стануваат живописни скици кои далеку ги надминуваат цртачките способности на петгодишно дете. Мелори почнува да се прашува дали тие можеби се одеци од едно дамнешно нерасчистено убиство, а можеби и се поврзани со некоја натприродна сила.

Мелори знае колку звучи лудо сето тоа, но се нафаќа да ги дешифрира овие цртежи и да го спаси Теди пред да стане предоцна.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026