Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Тил

287 ден410 ден

На почетокот на XVII век, кога историјата и митологијата сè уште се преплетени, кога сè уште не постои јасна граница меѓу магијата и науката, кога сè што знаат луѓето се гладот и војната, на сцената на опустошената Европа стапува Тил, комедијант, акробат и дворски шут. Започнувајќи го своето патешествие од едно мало германско село, па стигнувајќи сè до кралските дворови на големите владетелски династии, Тил се обидува да ги открие големите загатки на животот за љубовта, моќта, знаењето, среќата, а притоа, сосем случајно, ја открива бесмртноста.

Инспириран од фолклорните приказни за легендарниот Тил Ојленшпигел, Даниел Келман во својот најнов роман гради една суптилна и сложена приказна која балансира на границите на реалноста и ја преиспитува моќта на книжевноста. Тил е брилијантно дело на еден од најзначајните современи европски автори и, несомнено, досега најдобриот роман на Келман.

„Тил е брилијантен и незаобиколен роман. Келман ја продолжува германската традиција на раскажување приказни која досегнува сè до браќата Грим, па и подалеку.“ - Салман Ружди

„Во овој извонредно напишан роман, Келман вешто се движи низ најмрачните човекови искуства. Резултатот е волшебно сеќавање на една безимена душа изгубена во европското минато, чијшто шепот најдобро се слуша во митовите.“ - Њујорк тајмс

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026