-
Вашата кошничка е празна!
Проклетството на Амалфи
385 ден550 ден
- Издавачка куќа: Букленд
- Автор: Сара Пенер
- Достапност: На залиха
Моќно вештерство. Потрага по потонато богатство. Забранета љубов на отворено море. И една клетва стара со векови…
Поморскиот археолог Хејвен Амброуз пристигна во сончевото Позитано за да ги истражи мистериозните бродоломи покрај брегот на Амалфи. Сепак, Хејвен се надева дека ќе најде нешто многу повредно од остатоци од бродоломи и стари реликвии под азурните води; таа тајно е во потрага по непроценливото богатство што нејзиниот татко го открил за време на неговото последно нуркање. Но, набрзо по нејзиното пристигнување, се појавуваат чудни витли во водата и се случуваат несреќи на отворено море кои ги загрижуваат мештаните. Дали се работи само за природна појава или за нешто многу позлокобно?
Додека Хејвен е во потрага по потонатото богатство, ќе открие приказна стара со векови за древно вештерство и за мисијата на една жена да ги спаси своето село и својот љубовник, еден млад морнар, фрлајќи магија за да ја искористи моќта на морето во своја полза. Дали оваа клетва можеби стои и зад најновите катастрофи во Позитано? Хејвен мора да го разгатне проклетството на Амалфи пред регионот да биде уништен засекогаш...
„Оваа опојна приказна ги спојува магијата од стариот свет и модерната мистерија со пријатна нота на љубов." - People