Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Ништо од ова не е вистина

375 ден500 ден

Која е Џози Фер? И што сторила таа?

На прославата на четириесет и петтиот роденден во едно локално кафуле, популарната водителка на поткасти, Аликс Самер се среќава со една скромна жена по име Џози Фер која, исто така, го прославува својот четириесет и петти роденден. Тие се, всушност, близначки по роденден.

Неколку дена подоцна, Аликс и Џози повторно се среќаваат случајно, овојпат пред училиштето во кое учат децата на Аликс. Џози во меѓувреме ги преслушала поткастите на Аликс и предлага дека и таа би можела да биде интересна тема во нејзиниот серијал. Таа е, како што ù вели на Аликс, на работ да направи спектакуларни промени во својот живот.

Животот на Џози делува чуден и комплициран, и иако Аликс се чувствува на некој начин вознемирено и непријатно, таа не може да му одолее на искушението да продолжи со снимањето на поткастот. Постепено, таа почнува да разбира дека Џози крие многу мрачни тајни, и уште пред да се свести, Џози веќе е длабоко инволвирана во животот, но и во нејзиниот дом.

Џози набргу исчезнува, а Аликс, дури тогаш открива дека Џози има оставено ужасна и застрашувачка оставштина зад себе, но исто така и станува јасно дека таа сега е главната тема во нејзиниот поткаст за вистински злосторства, притоа изложувајќи го нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство на смртна закана.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026