Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Лисица

263 ден350 ден

Делото „Лисица“ од првата дама на ексјугословенската книжевност, Дубравка Угрешиќ, е роман, автобиографија, патопис – и многу повеќе од тоа. Авторката на духовит начин се пресметува со современата книжевна сцена и со глобалните трендови,  патувајќи, литерарно и физички, од Јапонија преку многу руски класици до американските авантури на Набоков или пак до бесмисленото претставување на книгата во денешниот свет.

Што е книжевноста денес, која е нејзината улога и уште поважно, која е улогата на писателот, дали е тој само кловн што патува низ светот, дали воопшто е возможно сè уште да се раскажуваат приказни, дали е возможно само така да се создаде роман и да се измисли приказна, како и кој има контрола над текстот, авторот или самата приказна – сите овие прашања ги поставува „Лисица“.

Без нималку патетика, преполна со фин хумор, со суптилна иронија, со книжевни и теориски референции, „Лисица“ е посвета на писателите и на пишувањето, на оние важните, неодминливите, на оние чии приказни го менуваат читателот. Такви приказни може да создаде само исклучителен раскажувач, а таква раскажувачка без сомнение е токму Дубравка Угрешиќ.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026