-
Вашата кошничка е празна!
Генијот и божицата
245 ден350 ден
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Олдос Хаксли
- Достапност: На залиха
Џон Риверс, студент по физика, добива ретка шанса да биде асистент на брилијантниот професор Хенри Мартенс. Асистентот и менторот бргу се спријателуваат, а нивните животни патеки засекогаш ќе се преплетат кога Риверс ќе ја запознае сопругата на Мартенс, во која безнадежно ќе се заљуби.
„Генијот и божицата“ е извонредна анализа на човековата конфликтна природа и на нејзините противречни аспекти. Проткаен со суптилни психолошки портрети на ликовите и со многубројни референции на филозофијата, науката и книжевноста, овој краток роман е едно од највпечатливите дела на Олдос Хаксли, еднакво интригантно и значајно како „Убав нов свет“.