Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Се помалку човек

200 ден250 ден

Мојот живот беше исполнет со срам. Не можам ни да претпоставам како изгледа да се живее животот на човечко суштество.

Портретирајќи се како губитник, антихеројот од „Сè помалку човек“ го раскажува својот навидум нормален живот среде човечките суштества кои е неспособен да ги разбере. Неговите обиди да се вклопи во светот почнуваат уште од најраното детство. Прикривајќи ја својата другост и неможноста да го потисне стравот од нормална комуникација, тој постепено се претвора во кловн што ги засмева луѓето, а завршува со обид за самоубиство.

Без сентименталност и со сурова искреност, Јозо во своите записи ги засведочува секојдневните неправди од светот, своите неуспешни обиди да се вклопи во него и минливите мигови на човечки врски и нежности. 

Делумно автобиографска, оваа фасцинантна книга е последното завршено дело на Осаму Дазаи и постојано доживува различни реизданија и адаптации. Втора најпродавана книга во Јапонија на сите времиња, „Сè помалку човек“ е моќна студија и доказ за состојбата на индивидуалната отфрленост од општеството.

„Борбата на поединецот да се вклопи во едно нормално општество е исто толку значајна денес колку што била и во моментот кога била напишана книгата.“ - Вилијам Бредбери

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026