-
Вашата кошничка е празна!
Овој прекрасен роман претставува мултигенерациска семејна сага за пет браќа по смртта на нивната мајка и заминувањето на нивниот татко, се препуштени сами на себе. Toa e семејство кое го снашле сите можни несреќи, завиени со вел на одамна закопани тајни.
За да сфати зошто сѐ тоа им се случило, Метју Данбар мора да пронајде три нешта: загубената машина за пишување, мртвото куче и коските на змијата која го убила. Во својата потрага ќе дознае дека неговата мајка минала континенти за да најде нов дом, а татко му ја барал љубовта во клавишите на стариот клавир. И, што е најважно, ќе дознае зошто неговиот брат Клеј се одлучил за подвиг на кој никој друг во неговото семејство не би се осмелил...