-
Вашата кошничка е празна!
Непобедливата седумка
231 ден330 ден
- Издавачка куќа: Муза
- Автор: Мартин Фарнер
- Достапност: На залиха
Оваа книга се чита онака како што самиот автор, преку зборовите на нараторот, го опишува качувањето по карпи. Те привлекува првата приказна, па се зачитуваш. Тогаш сѐ уште мислиш дека можеш да ја оставиш книгава кога и да посакаш. Продолжуваш, па во следниот миг кога „ќе погледнеш удолу, веќе не можеш да се вратиш“, не можеш да ја оставиш. Потоа „пред очи ти е само еден дел од карпата“ (приказната), „тоа делче го туркаш под себе“ и „тоа е најсигурниот начин за да не добиеш вртоглавица од висината над тебе или од длабочината под тебе“. И на крајот „пред очите ќе ти се појави небесната шир“.
Мартин Фарнер (1964) е чешки писател и драматург. Студирал бохемистика на Педагошкиот факултет во Усти на Лаба и драматургија на Факултетот за драмски уметности. Автор е на четири книги. Син е на поранешниот фудбалер Рудолф Фарнер. Таткото фудбалер, запишувањето на педагошкиот факултет и драматургијата станале дел од романизираната биографија „Непобедливата седумка“.