-
Вашата кошничка е празна!
Јас сум резултат на светот околу мене, а светот околу мене постојано се менува...
„Продавачката“, романот продаден во над 1,5 милиони примероци, е срдечна и топла приказна за 36-годишната Кеико од Токио. Како подобро да се опише таа?
Кеико никогаш не успеала да се вклопи ниту во своето семејство, ниту во училиштето. Дури кога на 18 години почнува да работи во еден минимаркет, успева да ја најде својата животна цел. Кеико таму е среќна, се чувствува своја и безбедна. Но, нејзиното семејство секојдневно ја притиска да започне соодветна кариера, да најде сопруг и да живее наспроти сите нејзини мечти за среќа. Да живее „нормално“.
Брилијантен роман за невклопувањето и чувството дека не сме разбрани. Книга што ќе ве поттикне да ги тргнете маските, да го најдете клучот за себеприфаќање, да заборавите на сите дефиниции за среќа и во срцето да си го најдете својот минимаркет во кој на залиха вечно ќе го имате своето задоволство. Уживајте во себепотрагата додека Кеико ужива во себеси!