-
Вашата кошничка е празна!
Колку чини еден човечки живот? На што сè се луѓето подготвени за да се ослободат од некој?
Три жртви на брутално семејно насилство, секој на свој начин и поради свои причини одлучува да се спаси од моќниот тиранин, богат бизнисмен и иден политичар, обвиен во харизма што ги маскира суровоста, жедта за моќ и недопирливост, и ножот скриен во раката што ја држи зад грб.
Ова е една од оние приказни во кои читателот, на свое ужасување, веројатно ќе ужива во крвавите сцени – било поради чувството на добро остварена или заслужена одмазда, било поради казната што неизбежно стигнува. Ова е приказна за оние работи што се секогаш близу до нас, но што му се случуваат на некој друг, за фемицидот, за хомофобијата, за неказнивоста на семејното насилство, за политичката моќ и парите што замолчуваат и уништуваат животи.
Овој крими-психолошки трилер е роман на афектот, на она што го правиме кога му дозволуваме на мракот да ни падне пред очи, во моментите на најсилна вознемиреност.
Кога е навистина доста од сè?