-
Вашата кошничка е празна!
Ќе го најдам клучот
315 ден420 ден
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Алекс Андорил
- Достапност: На залиха
Дојде време да се дешифрира неверојатно брилијантната мистерија на едно убиство од Алекс Андорил, новиот псевдоним на најпродаваниот автор во светот, Лаш Кеплер.
Во канцеларијата на приватната детективка Jулија Старк се
појавува неочекуван посетител. На вратата стои еден од
сопствениците на успешен семеен бизнис. Претходниот ден, присуствувал на состанок на управниот одбор, а потоа и на свечена вечера на семејниот имот, на северозападот на Шведска. Следното утро, во телефонот наоѓа фотографија од крвав врзан маж, со вреќа преку главата.
Поради алкохолна амнезија, не знае ниту кој е човекот на
сликата, ниту како фотографијата завршила во неговиот телефон. Сака да ја ангажира агенцијата „Старк" да jа открие загатката и да го заштити своето име, пред полицијата да се вклучи во случајот. Јулија го замолува поранешниот сопруг и истражител Синди Менделсон да земе неколку дена одмор од градската полиција и да и помогне во истрагата, додека длабоко во неа се разгорува искра надеж, можеби токму тоа е нејзината шанса да го врати назад.
Во раскошниот имот ги дочекуваат домаќините, со свечени вечери и разговори што вешто скршнуваат од суштината, вистината им лизга низ прстите, а секој член на семејството изгледа како да крие нешто…