-
Вашата кошничка е празна!
Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена. Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена. Истата вечер во еден отмен лондонски хотел се убиени тројца гости, а на секој од нив во уста му е оставено по едно копче.
Дали овие убиства се поврзани со преплашената жена? И, додека Поаро се труди да го расветли случајот, на повидок е четврто убиство.