Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Господ, па Америка : есеи

272 ден340 ден

Пишувам за Америка на критичен начин, кој е, исто така, полн со љубов (а како поинаку се пишува за земја што добро ја познавате?) Или, пак, за човек.

Румена Бужаровска ја открива Америка. Што има зад сцената? Крената ли е завесата како знаме? Знаме со ѕвезди или со краци. Или бело знаме?

Спомени, мириси, слобода. Отуѓеност, страв, стереотипи, пушки. Америка е синтеза. Точка на вриење. Почнувајќи од најраното детство во Аризона и американските училишта, па сè до средби кои го менуваат животот и познанства што не стигнале да прераснат во пријателства. Во овој свет каде е невозможно да се остварат долготрајни пријателства – што создава друга болка, осаменоста – тешко е човек да се потсетува. А камоли да напише длабоки есеи, кои не се само критичко видување, туку истовремено и личен, вонвременски дневник кој бара соголување на душата и на безмилосната стварност, токму каква што е Америка.

Молитвите завршуваат со амин, животот со смрт, есејот со точка (најчесто). Ретко, токму како во овој случај, завршуваат во книга која е опасна за припадноста на читателот. Ќе го предизвика да си припаѓа себеси, без разлика во која земја живее.

Патописи за Америка што се многу повеќе од тоа – од секоја средба со американско место и жител, Румена развива приказна во спој со личните искуства, низ која се изместуваат познатите перспективи. - Калина Малеска, писателка, преведувачка и професорка

Ги поминав истиот пат како авторката на патописите, и не ми беше толку интересно колку што ми беше додека ја читав оваа книга. Или јас сум глупав, или книгава е многу добра. - Срѓан Драгојевиќ, режисер и сценарист

Ако во расказите Бужаровска е ненадминлива, во есеите е – па, Господ! - Петар Андоновски, писател

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026