-
Вашата кошничка е празна!
Портрет што крие мрачно минато. Долина обвиена со мистерија. Жена што се бори за својот живот.
Заспаната нимфа - уметничко дело со неповторлива и примамлива убавина, што еден млад партизан го насликал во последните денови на Втората светска војна. Сликата со црвен пигмент на платно крие шокантна вистина... насликана е со човечка крв.
Но, која била жртвата? Нема тело, нема место на злосторството, нема сведоци, нема сомнителни, само трага од крв што ќе ги одведе наредничката Тереза Баталја и инспектор Марини во суров планински пејзаж во северна Италија. Изолираната и мистериозна долина и портретот што го одзема здивот се единственото нешто на што можат да сметаат истражителите. Низ непроодни шуми и непристапни планински врвови, црвената трага води до нешто на кој му е многу важно да ја заштити тајната што ја чува.
Времето секогаш крие нешто, неисполнето ветување, болка. Копнежливо ги покрива мислите со пријатна магла на заборават. Времето прикрива и злосторства. Закопана со години, со децении, смртта избледува, останува без емоции и на крајот се заборава, а заедно со неа и нејзините жртви...