Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Клубот Мефисто

473 ден630 ден

Злото постои. Злото се движи меѓу нас. Злото раѓа нов ученик на ѓаволот во напнатиот трилер за детективката Рицоли и докторката Ајлс. Не е лесно да се објасни злото. Денес, по повеќе од две илјади години од пишувањето на „Книгата на Енох“, се уште не можеме да сфатиме зошто постои злото. Знаеме само дека постои.

PECCAVI - латински збор, напишан со крв на место на особено грозоморно злосторство: ГРЕШЕВ. Тоа е морничава божиќна честитка за бостонскиот патолог Мора Ајлс и детективката Џејн Рицоли, кои брзо ја поврзуваат жртвата со контроверзниот, славен психијатар Џојс О'Донел - професионална непријателка на Џејн и член на мистериозната фондација, наречена „Мефисто“.

Членовите на оваа фондација или клуб, што и да е, се посветени на анализата на злото. Дали науката може да го објасни? Дали има физички облик? Дали на Земјата има демони? Врз основа на мноштво мрачни историски податоци и таинствени религиозни симболи, тие се обидуваат да докажат страшна теорија: сатаната и неговите демони се всушност меѓу нас.

Со појавата на уште еден труп на прагот на „Мефисто“, јасно е дека некој или нешто демне во градот. Членовите на клубот почнуваат да се плашат од самиот предмет на нивните истраги. Дали овој манијакален убиец е еден од нив или ненамерно повикале некое зло од темнината? Додека се обидуваат да го решат најнеобичниот случај во нивната кариера, Мора и Џејн се вовлечени во застрашувачко патување во длабочините на злото, каде што наидуваат на монструозен непријател, поопасен од кој било со кој се соочиле... противник чии минати злосторства се само почеток.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026